Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zonskoparkiranje3 fin

Трет ден е во функција зонското паркирање во Кавадарци. Првичните анализи покажуваат дека целта за која е воведено зонското паркирање ги дава очекуваните резултати. Хаосот со паркирањето кој беше нај изразен особено во централното градско подрачје, полека се средува. Значително е намален бројот на возачите кои поради луксуз го користат своето возило и со часови узурпираат пакринг места. Во текот на целиот ден има слободни места за паркирање во предвидените зони за паркирање.

До нашата редакција пристигнаа бројни реакции од станарите кои живеат во станбените згради во новиот центар, каде нивните паркинзи не се влезени во зонското паркирање и сега истите се узурпираат од несовесни граѓани, кои сакаат да избегнат плаќање за паркирање. При нашата денешна посета овој паркинг беше исполнет до последно место. Како што ни рекоа станарите, во 90 отсто со возила на лица кои не живеат во тој дел од градот.

Иста беше сликата и со бесплатниот паркинг пред Кам маркет, преполнет со возила, додека наспроти, зонскиот паркинг речиси беше празен.

Кавадарчани избегнувајќи да платат за паркирање ги користат сите споредни улици во градското подрачје, попречувајќи го нормалното движење на жителите од тие улици. Ваквите проблеми се особено изразени на улицата „Блажо Алексов“ и кај старото музичко.

zonskoparkiranje fin

 

Од директорот на ЈП Паркинг Кавадарци, Тошко Дафков дознаваме дека се запознати со ваквите проблеми и најавува брзо решавање на истите.

„За да се избегнат манипулациите при паркирање, започнат е процес за проширување на проектот за зонско паркирање, со што ќе бидат проширени и зоните за паркирање. За краток период во зонско паркирање ќе влезе паркинг просторот од овие згради за кои сега не се плаќа. По проширувањето на зонското паркирање и овие станари ќе можат да си закупат годишен станарски билет од 900 денари за прво возило и 1500 денари за второ возило.Прво поголемо проширување на зонското паркирање со 80 нови паркинг места ќе биде изградбата на паркинг простор во анот на ЈП „Комуналец. “ информира Дафков.

Првиот човек на паркинзи вели дека е задоволен од функционирањето на зонското паркирање во првите денови и истакнува дека не се бележат поголеми проблеми во работењето. Досега во системот се регистрирани 120 смс пораки испратени од граѓани чии мобилни броеви имаат забрана од операторот да користат специјални услуги или се броеви во сопственост на правно лице. 400 смс пораки пристигнале со неправилно внесени податоци. Возачите треба да знаат дека во СМС порака треба да го впишат регистарскиот број на возилото, а не да пишуваат и дополнителен текст, како старт или стоп. Без проблем, електронскиот систем за наплата покрај возачите со македонски таблици можат да го користат и сопствениците на возила со странски раблички.

zonskoparkiranje 2Засега најголем е интересот за купување на билети за паркирање кои можат да се купат во сите трафики, угостителски објекти и кафулиња./А.Д

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен состав се донесоа следниве заклучоци:

  • За спроведувањето и реализацијата на препораките за ограничено движење на граѓаните на јавните места и во институциите, Општина Велес ќе ја известува јавноста преку официјалната интернет страница, преку официјалните социјални мрежи, како и преку електронските и пишани локални медиуми;
  • Поради неисправноста на водата во село Сопот за потребите на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Предложената мерка, Малиот пазар во „Нова населба”,
да остане затворен за работа, останува во сила;
- ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со работењето
на Градскиот пазар да работи секој ден, од 06:00 до
13:00 часот;
- Да се ограничи продажбата исклучиво само на
земјоделски производи (овошје, зеленчук и други
прехрамбени производи);
- Прехрамбените производи да бидат изложени на секоја
втора тезга во редот;
- Да се изврши оградување на паркинг просторот надвор
од пазарот, да не се дозволува продажба на производи;
- Да се регулира влегувањето и излегувањето на
посетителите во пазарот, со два влезови;
- Пред влезовите да се забележи влегувањето преку
двајца редари и да се внимава на физичикото
растојание при влегувањето;
- Задолжително носење на заштита опрема (маски и
ракавици) на продавачите;
- На влезовите да биде поставено средство за
дезинфицирање и маски за потребите на купувачите;
- Местото на продажба на производи од ист вид, се
утврдува од раководителот на ЈП Пазари при
доделувањето на тезгата за продажба;
- ЈКП „Дервен” се задолжува преку јасно видливо
известување до граѓаните да го определи
времетраењето на задржување на купувачот во пазарот;

- По препораки на Светската Здравствена Организација
(СЗО) ЈКП „Дервен” од денес врши зголемување на
нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L
милиграми на литар резидуален хлор во градскиот
водоснабдителен систем;
- Согласно Оперативниот план за дезинфицирање се
задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на
на детските забавни паркови, спортските терени,
патеката околу езерото „Младост” и други јавни
површини во градот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се задолжуваат мобилните тимови на МВР – СВР Велес
на двата пунктови при влезот во град Велес, одредени
на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат
редовна контрола на физичката состојба на учесниците
во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата;
- Се задолжува МВР – СВР Велес да одреди тимови кои
ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро
„Младост”;
- МВР одредува една патрола со двајца униформирани
полицајци за воведување на ред на влезовите на
пазарот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се упатуваат управителите на згради, претседателите
или претставници на куќните совети на станбените
згради, да стапат во контакт со Центарот за јавно здравје
со цел добивање конкретни информации за начинот на
употреба на средства за дезинфицирање на зедничките
простории, телефон за контакт: 078 246 729.

 

 

 

 
   
   
   
   

Најново