За една недела нови близу 500 болни од грип во Кавадарци
Минатата недела во Центарот за јавно здравје Кавадарци се евидентирани 483 лица новозаболени од грип. Споредено со претходната недела се бележи мало намалување на ново заболените – информираат од кавадаречкиот центар.
„Вкупниот број на заболени сезонава се искачи на 1927 болни. Најмногу заболени минатата недела 218 има во возрасната група од 15 до 64 години. Потоа следуваат децата на возраст од 5 до 14 години со 174 регистрирани случаи, и децата на возараст до 4 години. Во оваа возрасна група минатата недела кај матичните лекари се евидентирани 82 ново заболени. “ вели д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Тој исто така информира дека и понатаму најмалку грипот се шири во возрасната група од над 65 години. Минатата недела евидентирани се само 9 лица. Како што додава д-р Јовановски, малиот број се должи најверојатно на имунизацијата кај оваа возрасна група.
Лекарите очекуваат намалување на активноста на грипот во наредниот период./А.Д