Исчезна Мара Дамјаноска од Кавадарци, пријавете веднаш на 192 доколку ја сретнете или видите
Седумдесет и три годишната Мара Дамјаноска од Кавадарци не е пронајдена и покрај вчерашната потрага и пребарување на територијата на градот. Жената која исчезна пред два дена, на 9 март 2020 година, околу 14 часот, од пред банка во Кавадарци додека нејзината ќерка К.Т.(32) вадела пари, боледувала од склероза. Дамјаноска во тој момент се оддалечила во непознат правец и семејството нема никакви информации за неа.
Исчезнувањето на болната жена е пријавено во полициската станица во Кавадарци, вчера утро во 8 часот. Полицијата и семејството во текот на вчерашниот ден го пребарале градот но не успеале да ја пронајдат Дамјановска. Жената последен пат, според искази на граѓани, била видена во близина на градските гробишта.
Потрагата по исчезнатата Дамјаноска продолжува и денеска. Во 10 часот полицијата, членовите на семејството и планинари – доброволци од Планинарското друштво „Орле“ ќе го пребаруваат теренот од градските гробишта во Кавадарци во правец кон село Возарци и Тиквешко Езеро.
Се апелира до граѓаните кои можеби ја виделе или ќе ја сретнат жената на фотографијата веднаш да пријават на телефонскиот број 192./У.Ј