Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Drekselmaer fin

23.04.2020

„Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот има огромно влијание на нашата компанија, а од самиот почеток, здравјето на нашите вработени е наш главен приоритет. Оваа специфична состојба секако има и сериозни економски ефекти врз целата индустријата, нашите клиенти, а со тоа и врз нас како добавувач. Како компанија што испорачува во точно одредено време и во одредена секвенца, ние во потполност зависиме од нашите клиенти. Во време кога нарачките од клиентите се стопирани, мораме и ние да го запреме нашето производство. Веднаш штом клиентите ги рестартираат своите капацитети, подготвени сме за нов почеток“ велат во соопштението од германската компанија „Дрекслмајер“ во Кавадарци.

Менаџментот официјално потврдува дека испуштањето на работници не е опција и се правеле напори повторно да се врати работењето на компанијата иако речиси е запрено производството и не остваруваат приходи, се соочуваат со огромни трошоци, кои биле исти како и при редовното работење.

„И во овие услови компанијата ги исплаќа платите на сите наши вработени, иако најголем дел од нив во моментот не работат. Се обидуваме да ги осигураме работните места на нашите вработени преку различни модели на компензација. Како семејна компанија со високи социјални стандарди, масовно отпуштања на вработените не е опција, надвор од вообичаената месечна флуктуација и регуларниот селективен процес во однос на компаниското работење. “ велат од „Дрекслмајер“.

Менаџерите додаваат дека правеле напори за заштеди во повеќе области од работењето, сѐ со цел да се премости овој критичен период и да се осигураат илјадници работни места на долг рок./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново