Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

1591096608910

2.06.2020

„Ако не ни се дозволи да работиме целосно, ќе има затворање на објектите и испуштања од работа“ - вакво е предупредувањето од Здружението на угостители од Тиквешијата,  кои поради проблемите со кои се соочуваат во работењето,  испратиле барања за олеснување на протоколот за работа. Се жалат дека објектите им се празни, а младите сепак се групираат надвор од кафулињата.

„После пет дена работење собиравме резултати од работењето. Ситуацијата е алармантна. Луѓето се исплашени да ги посетуваат рестораните. Дали се створи некоја апатија или страв поради носење маски. Ние во нашиот регион ги почитуваме правилата. Можат тоа да го потврдат и инспекциските служби од регионот. Нема изречено ниту една казна. Ние како регион со нула заболени од Ковид,  бараме да не` не ставаат во ист кош со градовите каде масовно се шири заразата.“ вели Дано Белевски претседател на здружението на угостители во Тиквешијата.

Тој информира дека барањата се доставени до општинскиот кризен штаб, а од таму ќе ги проследат до надлежните институции.

„ Бараме да ни го вратат работното време. Луѓето во летно време излегуваат покасно,  околу 20, 21 часот, а ние во тој период затвораме.  Групирањето на маса, по двајца луѓе е многу голем проблем. Многу ретко се случува двајца да дојдат во ресторан. Најчесто се повеќемина. Исто така бараме да ни дозволат да работи и внатрешниот дел, бидејќи тоа е случај во маркетите банките. И напоменуваме на владата,  дека секојдневно акумулираме трошоци. Нашиот приход сега е 20 % споредено со истиот период лани. Ако успееме да го кренеме прометот до 70%,  ние нема да бараме ништо. Но ако остане вака,  ќе бараме од владата поддршка за да исплаќаме плати“ додава Белевски.

Угостителите алармираат дека ако нивните барања не се прифатат,  ќе следи период кој никој не го посакува, а тоа е  отпуштање на работници и ставање клуч на вратите од објектите./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново