Регистриран нов случај на Ковид 19 во Кавадарци после подолг период
Објавено на 3 јуни, 2020 во 08:20
3.06.2020
Жена на 65 годишна возраст е инфицирана со Ковид 19, потврдија денеска од кавадаречката болница. Од Центарот за јавно здравје велат дека не е познато на кој начин жената се заразила. Утврдени се нејзините контакти .
„Веднаш по добиениот резултат, контактиран е нашиот инфектолог. Утврдено е дека пациентката во овој момент нема никакви симптоми на болеста и се чувствува добро. Поради тоа, кај истата е даден совет за домашно лекување во траење од 14 дена , со назнака да биде во секојдневен контакт со матичниот лекар и за било каква промена да се консултира инфектолог“ стои во соооштението од болницата во Кавадарци.
Во ЦЈЗ Кавадарци извршена е епидемиолошка анкета за лицето, контактите се веќе утврдени и истите по протокол се упатени во домашна самоизолација, во траење од 14 дена./А.Д