Пронајден починат маж во близина на кавараречкото село Дреново
Објавено на 9 јуни, 2020 во 14:11
9.06.2020
На нива во атарот на селото, до трактор „ИМТ 539“, вчера бил пронајден починат седумдесет и едногодишниот И.Ј. од село Дреново. По неговото откривање била повикана Итна медицинска помош од Кавадарци а лекарот констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител од Кавадарци телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина – Скопје.
Случката во Полициска станица Кавадарци била пријавена во 17 часот. Полициската увидна екипа извршила увид на местото на настанот.
Обдукцискиот наод и резулатите од увидот ќе треба да ја утврдат причината за смртта на седумдесет и едногодишниот маж./А.Д