Дедо пријавил дека педесет и осумгодишен кавадарчанец го натепал неговиот малолетен внук
Објавено на 17 јуни, 2020 во 13:40
17.06.2020
Вчеравечер околу 19.30 часот во полициската станица во Кавадарци, шеесет и осум годишниот дедо Ќ.М. од Кавадарци пријавил дека во понеделникот вечерта десет години помладиот сограѓанин С.К го натепал неговиот внук.
Нападот над малолетникот се случил околу 20.00 часот кај спортската сала во Кавадарци.
– По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес
Детето е на возраст од десет години./А.Д