Лекар се зарази со коронавирус во кавадаречката болница
Објавено на 19 јуни, 2020 во 07:27
19.06.2020
Доктор од кавадаречката болница е нов позитивен случај на Ковид 19 во Кавадарци, потврдуваат од Центарот за јавно здравје.
„Лицето нема симптоми. Работиме на утврдување на неговите контакти“ ни рече епидемилоогот д-р Ристе Јовановски.
Пред некој ден позитивна на ковид 19 беше и медицинска сестра./А.Д