Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

lozaridimkovskiМинистерот за земјоделство Трајан  Димковски денеска одржа работен состанок со претставници на Здружението „Напредни лозари“.  На состанокот се  разговараше за цената и пласманот на грозјето и подобрените услови за производство на вино. Тој  информира дека цената на предадено грозје, оваа година нема да биде пониска од ланската и дека целокупното произведено грозје од оваа реколта ќе биде откупено. Лозарите беа целосно исплатени во изминатиов период, исплатени се сите заостанати долгови направени од претходната власт.

Во изминативе три години, министерството беше во постојана комуникација со земјоделците од што произлегоа многу идеи и предлози за подобрување на секторот.

“Во последните 3 години интензивно разговараме со Здружението „Напредни лозари“, и сме отворени за соработка, се што сме договориле изминатиот период е исполнето. Она што може да заклучиме дека во добар дел се согласуваме,  односно дека едно од нивните барања е да постигнеме цена,  која ќе биде на минатогодишно ниво, и поддршката од државата. Но,  ние сепак оставаме еден простор да поразговараме и заеднички да издејствуваме, односно да видиме колкава ќе биде неопходна поддршката,  колкав ќе биде евентуалниот  вишок што се најавува од винарниците и како тоа ќе се преработи и анулира од пазаро, т како не би создавало притисиоци, но и  да не дојде до драстично намалување на виното како краен производ, дали тоа е наливно, најповеќе би рекол околу наливното вино но исто така и со флашираното вино кое оди надвор “- изјави министерот Димковски.

„Денеска имавме една добра средба и ни даде надеж дека лозарите можат да бидат спокојни, нема да паднеме под загарантираната цена од лани и со субвенциите кои ги земаме ќе оствариме добар резултат. Денеска се пуштени тие два денари дополнителна субвенција. Ние се бориме да добиеме повисока цена. Знаеме дека ковид 19 направи штета во цел свет, но и  ние како лозари е неисплатливо да работиме а да не добиеме некој денар.“ рече претседателот на „Напредни лозари“ Трајче Кулев по состанокот со министерот./A.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново