Предизборни собири на ВМРО-ДПМНЕ во Тиквешијата
26.06.2020
Коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва предизборната програма и кандидатите за пратеници ги претстави пред членовите и симпатизирите во Кавадарци и Неготино.
„-Петнаесетти јули е денот кога масовно и гласно позади гласачкиот параван треба да зборуваме, да викаме од нашите грла најсилно што може, заокружувајќи го бројот 14 за историски најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија, рече во Кавадарци., лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски. Ги критикуваше своите противници за лошо менаџирање со земјоделството, но и за начинот на кој се справувале со корона кризата.
„Јас не сум ниту од Неготино, ниту од Кавадарци, ниту од Струмица, ниту од Гевгелија и јас не можам да се правам поголем локал патриот од било кој од вас. Големиот локал патриот во три години мандат камен не стави во четвртата изборна единица“ рече носителот на листата во четвртата извборна единица на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
Кандидатите за пратеници од Кавадарци и Неготино посочија дека доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, лозарите и останатите земјоделци ќе добиеле вистинска грижа.
/ А.Д