Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

nikoloskiЛажна е веста дека ќе се затвора фабриката „Дрекслмајер“. Вакво тврдење на предизборен собир во селото Криволак изнесе носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во четврта изборна единица, Александар Николовски. Од компанијата ги отфрлаат ваквите тврдења. И градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев  тврди дека фабриката не се затвора туку од август го интензивира своето работење.

 „ Беа на власт во деведесетите години ги затворија сите големи гиганти кои тогаш постоеја. Еве ги на власт овие три години пак ги затвораат новите гиганти. Ако во деведесетите години ја затворија фабриката за кабли во Неготино, сега ја затвораат фабриката „Дрекслмајер“ рече Николовски на предизборен собир во селото Криволак.

Ваквото тврдење создаде голема паника меѓу жителите на Тиквешијата, бидејќи се вработени околу 6000 луѓе од тиквешките општини и од градовите во околината. Стапивме во контакт и со службата за односи со јавноста во оваа германска компанија. Рекоа дека станува збор за лажна вест и дека тие напротив планираат да го зголемуваат производството и дека најверојатно ќе бараат јавно извинување од кандидатот за пратеник.

И градоначалникот Митко Јанчев потврди дека станува збор за шпекулација.

jancev12ew„Јас сум изненаден од таквите шпекулации. Имам чести комуникации со менаџментот. Имав комуникација и сега и тие се изненадени од таквите шпекулации. Дрекслмјаер не се затвора, туку напротив, од август почнува со сто процентно производство и ќе се примаат уште работници. Дрекслмајер за наредните пет години има менаџментски  договори  и планови за работи“ изјави Јанчев и апелираше до политичките партии за време на предизборна кампања да не ги мешаат приватните комапнии во нивните настапи./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново