Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

traktor fin

9.07. 2020

Во тешка сообраќајна несреќа на трактор и автомобил, утрово во Кавадарци, загина тракторист. Сообраќајката се случила кај „Југокомерц“
Информацијата за Дума.мк ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Увидот на местото на сообраќајната несреќа сеуште трае. Штом ќе заврши ќе соопштиме детаљи, додаде Додевски.

Првичните информации за возачот на тракторот се дека е роден 1951 година. Поради здобиени повреди во сударот , возачот на патничкото возило е пренесен во Општа болница Кавадарци.

За дванаесет часа ова е втора сообраќајна несреќа со фатални последици по животот на возачи во Кавадарци. Синоќа на патот, во близина на фабриката Дрекслмаер, исто така се судрија автомобил и трактор, кога загина младо лице што го управувало автомобилот./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново