Кавадарчанец бил нападнат во казино, кавадарчанка нападната од сопругот пред казино
Објавено на 13 јули, 2020 во 08:23
13.10. 2020
Во првиот случај Кавадарчанец бил нападнат во казино додека во вториот случај кавадарчанка била нападната од сопругот пред казино за време на изминатиот викенд.
-Во саботата во 23:45 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека кавадарчанецот Б.Н.(38), во казино во градот бил физички нападнат од сограѓанинот О.Н, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Претходно, околу 16 часот, пред казино во Кавадарци, А.Н.(46) била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Н.(63).
По целосно документирање на случаите, ке бидат поднесени соодветни пријави./А.Д