Oпштина Кавадарци се справи со диво поставена продавница на кејот
Објавено на 19 август, 2020 во 12:47
19.08.2020
По налог на градежниот инспектор на Општина Кавадарци денес се руши дивоградба лоцирана на кејот на реката Луда Мара.
По 15 години соочување со проблем , сега ова место ќе им биде достапно на пешаците со оспособување на тротоарот.
„Градоначалникот Митко Јанчев се залага за решавање на проблемите со кои жителите на Општина Кавадарци се соочуваат долги години.
Во изминатиот период беа решени неколку вакви проблеми кои им овозможија на граѓаните простор за движење“, соопштија од општината./А.Д