Кавадарчанец повреден на работното место додека извршувал работни задачи
Објавено на 26 август, 2020 во 12:35
Педесет и седум годишниот кавадарчанец Љ.Н се здобил со телесни повреди на своето работно место, потврдија од СВР Велес.
Случајот во кавадаречката полиција бил пријавен вчера во 16:30 часот.
„Во ОВР Кавадарци e пријавено дека во ЈЗУ ОБ Кавадарци е донесено лицето Љ.Н. (57) вработен во една кавадаречка компанија. Истиот додека ја чистел машината на која работел се лизнал по што се здобил со телесни повреди.. Запознат е трудов инспектор“ информираа од СВР Велес.
Се работи на расчисутвање на причините за повредата./А.Д