Лозарите бараат итна помош од државата
2.09.2020
Лозарите проценуваат дека годинава родот ќе тежи околу 90 милиони килограми. Бараат помош од владата да се утврди откупната цена, во спротивно најавуваат протести и блокади.
Тие денеска на прес конференција се пожалија дека владата немала слух за нивните проблеми и на само десетина дена пред стартот на бербата немаат цена по која ќе им се откупа родот. Нагласија дека вибите и годинава го прекшиле законот со тоа што не склучуваат договори и со необјавувањето на откупната цена.
„Ни еден од министрите нема слух да седниме на маса и да разговараме машки како што треба. Ние како здружение на лозарите од Кавадарци бараме заштитна цена на килограм грозје која не смее да биде пониска од 8 денари. Бараме цена за килограм смедеревка од 11 денари, а н вранецот 13 денари. Од владата бараме да ни даде 5 денари по килограм субвенција“ рече на денешната прес конференција претседателот на здружението „Тиквешки лозаро овоштари“, Златан Стојчев. Тој го повика министерот за земјоделство да дојде во Кавадарци и да се реши проблемот со откупната цена.
На денешната прес конференција на хаос во лозарството се пожалија и нови лозари кои се одлучиле да одгледуваат винова лоза. Велат дека нивните деца им се смееле што започнале да одгледуваат грозје и инвестирале во насади, а тие сакале само со инвестиција во земјоделството да ги задржат децата во својата земја.
„Како сакаме да го развиваме земјоделството, како сакаме да имаме млади лозари? Кој е тој свесен млад човек кој што ќе почне да работи земјоделие кога однапред знае дека ќе има загуби. Кога ќе заврши работниот век на земјоделецот ќе зима пензија од 7000 денари. Намесето сега да собере некој денар, ние сега и на добра година неможеме да испаднеме на крај“ изјави Диме Соколов, индивидуален производител на грозје. Тој праша дали има некаде во светот место каде производната цената на еден производ е повисока од цената по која се продава./А.Д