Четири нови случаи на Ковид 19 во Тиквешијата
Објавено на 4 септември, 2020 во 12:29
Тројца нови позитивни на корона вирус во Кавадарци и еден во Неготино се дијагностицирани денеска, потврдија од Центарот за јавно здравје.
Двајца од позитивните се мажи и две жени, на возраст од 26 до 62 години.
„Сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Во епидемиолошката анкета кажаа дека не знаат како се заразиле. Работиме на утврдување на нивните контакти“ рече епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.
А.Д