Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

KVucilistaza fizickanastava fin

15.09.2020
Сите основни и средни училишта во општина Кавадарци бараат наставата да се одвива со физичко присуство на учениците. Од локалната самоуправа денеска рекоа дека училиштата имале услови, а се прават подготовки и за далечинско учење , доколку биде потребно.

Нашите училишта се спремни за одвивање на настава со физичка присутност. Исто така паралелно, доколку не се дозволи физичка присутност општината работи и на подготовка на училиштата за имплементирање на онлајн настава, како и подготовка на соодветен интернет пристап до училниците и соодветна опрема и врз основа на тоа да имплементираме настава која ќе биде најсоодветна без притоа да има реперкусии по здравјето на учениците и наставниот кадар“ изјави секретарот на општина Кавадарци, Тодор Ефремов.

Тој денеска ја следеше симулацијата на здравствените протоколи, за тоа како ќе се одвива приемот на ученици, која беше изведена во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ каде настава треба да посетуваат над 700 ученици. Од денешната симулација ќе се утврдат недостатоците или евентуалните проблеми кои би се појавиле.

KVucilistaza fizickanastava1 fin

„Се раководевме и од анкетата на родителите. Дури 93% се за изведување на настава со физичко присуство. Доколку во нашето училиште се одобри таква настава, ние сакаме да бидеме подготвени и во таа насока е денешната симулација. Ако добиеме дозвола нашето училиште ќе користи три влеза, наставата ќе се одвива од 7 до 20 часот. Часовите ќе бидат 30 минути. Имаме распоред за часови како секоја година. Имаме распоред за влез и излез кој е истакнат на видно место на сите влезови. Имаме средства за дезинфекција на обувки и за раце, средства за лична хигиена. Паралелките ги поделивме во групи. Доколку комисијата дозволи, се надеваме дека учениците ќе седнат во училишните клупи“ вели Марија Трајковска, директор на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“.

Размислувањата на родителите во Кавадарци се поделени. Дел сакаат настава со физичко присуство, а друг дел онлајн настава. Сите стравуваат за здравјето на своите деца. Некои јавно прашуваат каква е гаранцијата дека носењето заштитни маски на учениците, нема да предизвика други здравствени проблеми, бидејќи децата ќе треба да носат маски континуирано подолго од три часа. Прашуваат зошто лекарите не излезат јавно да проговорат за таа дилема.

Ангел Данов

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново