Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

policija kavadarci

23.09.2020

Шеесет и девет годишен кавадарчанец е измамен за 6000 евра, откако добил телефонски повик дека неговата ќерка во Америка прегазила дете и за да избегне одговорност треба да уплати 100.000 долари. Во кавадаречката полиција денеска пријавени уште три исти обиди за измама.

 „ На 22.09.2020 г. во Полициската станица Кавадарци, 69-годишен жител на Кавадарци пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 евра. Според пријавеното, околу 12.00 часот на домашниот телефон му се јавило лицето и го известило дека неговата ќерка во САД направила сообраќајна незгода во која загинало седумгодишно дете и за да ја спаси да не оди во затвор му побарало 100.000 долари. Според пријавата, 69-годишникот го известил дека има само 6.000 евра кои треба да ги извади од банкарска сметка. Како што било  пријавено, откако ги дал парите, лицето заминало и после тоа не му се јавило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни со кого разговараат, а ваквите сомнителни приказни веднаш да ги пријавуваат во полиција./A.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново