Четворица заболени од Ковид 19 во Тиквешијата, тројца од нив примени во болница
Објавено на 30 септември, 2020 во 11:29
По пауза од неколку дена повторно во Тиквешијата се дијагностицирани нови заболени од корона вирус. Сите се со симптоми.
Двајца заболени има во Кавадарци. Станува збор за сопружници на 68 и 72 години и тие се хоспитализирани на инфективно одделение во велешката болница. Еден случај има во Неготино. Маж на возраст од 55 години, исто така хоспитализиран во велешката боница.
„Во Росоман е дијагностицвиран еден случај. Станува збор за момче на возраст од 21 година. Има симптоми, но е на домашно лекување“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
А.Д