11 позитивни во Тиквешијата- позитивна е и наставничка – 16 деца во изолација
Објавено на 11 октомври, 2020 во 10:58
11.10.2020
Продолжува да расте бројот на нови заболени од ковид 19 и во Тиквешијата. Денеска во Центарот за јавно здравје се евидентирани 9 заболени од Кавадарци, по еден од Неготоно и Демир Капија. Заболените се на возраст од 23 до 53 години.
“Сите се со симптоми на вирусот. Меѓу заболените има и наставничка од основно училиште во Кавадарци. Во изолација се 16 ученици. Заболената од Демир Капија е хоспитализирана на инфективно одделение во велешката болница. само двајца од новозаболените имале контакт со позитивен, останатите не знаат како се заразиле” информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски./А.Д