Продолжува поморот на риби во рибници на Тиквешкото Езеро
Објавено на 23 октомври, 2020 во 16:38
Над 35 тони крап загубија две компании кои имаат рибници на Тиквешкото Езеро. Неколку дена по ред има помор на рибите поради намаено ниво на водата во езерото и низок процент на кислород.
„Во последните 2 дена нивото на водата продолжува да паѓа, од моментот кога се појави проблемот до денес е пониско за најмалку 1 метар, а состојбата на кислородот во водата иста. Ние продолжуваме да ги чистиме рибите од површината и штетата за нас е се’ поголема“ ни рече Љупче Танев, сопственик на „Златен крап“.
Тој објаснува дека заклучно со денес загубиле десетина тони риби, а во другиот рибник на компанијата „Дошница“ има помор на околу 25 тони./А.Д