Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn
bolnica kavadarciПродолжува да се зголемува бројот на нови позитивни на корона вирус во Тиквешијата. Денеска се дијагностицирани 25 нови случаи.
Од нив 18 се во Кавадарци, 6 во Неготино и 1 во Росоман. Заразените се на возраст од 8 до 71 година.
 
" Меѓу позитивните имаме наставничка од основно училиште. Во изолација се 22 ученици и 2 наставници. Има позитивни и медицински лица од Кавадарци" рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
 
На ковид одделот во Кавадаречката болница се хоспитализирани вкупно 20 пациенти, а има уште три слободни кревети./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново