Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

feni1

20.11.2020

Министерот за економија Фтмир Битиќи денеска го посети комбинатот за производство на феро никел во Кавадарци, Еуроникел инфдустри, од каде изјави дека извозот на фероникелот дава додадена вредност на македонската економија. Посочи дека оваа компанија е меѓу ретките кои успешно работи и во време на корона кризата.

feni2“Оваа компанија е еден од најголемите работодавачи во Кавадарци и регионот, со околу 1000 вработени лица, која соработува со околу 70-80 транспортни компании од овој регион, ги поседува и сите еколошки дозволи за работа, а е четврта по вредност на извезени производи, со околу 166 милиони евра извоз во 2019 година, и деветта по вредност во остварени приходи во земјата (169,5 милиони евра). Целосно извозно ориентирана компанија, а дополнително е важно што производот кој го извезуваат, тоа е феро-никелот, дава дополнителна, додадена вредност на нашата економија, односно има нето додадена вредност на направениот извоз. И оваа година, и покрај економската криза во целиот свет, успеале да го одржат речиси на исто ниво и производството, и извозот и бројот на вработени. Тоа е добро за локалната економија, за сите вработени, но и генерално за економијата на Северна Македонија, посебно во ова време на светска криза”, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

feni3Директорот на „Еуроникел индустри“, Герасим Кујунџиев информира дека и во време на кризата бележат зголемено производство.

„ Кај нас нема намалување на обемот на работа, ниту кратење на вработени или плати, но секако ова е постигнато со енромни напори на сите засегнати страни, од инвеститорите до работниците. Сепак предизвиците се големи при што најзначајна и најпотребна е поддршката од институциите и државните органи да излезат пресрет на приватниот сектор со редовно и доследно исполнување на обврските, затоа што нашиот придонес кон домашната економија е значаен во секој поглед“ истакна Кујунџиев.

Ангел Данов

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново