Реконструиран и модернизиран градскиот парк во Кавадарци (видео)
Објавено на 8 декември, 2020 во 13:00
8.12.2020
Нови дрвни и цветни видови, нова патека, систем за наводнување и осветлување и целосен видео надзор. Сето ова е дел од реконструкцијата на градскиот парк во Кавадарци која се реализираше во изминатите пет месеци.
Паркот е изграден во 1955 година, а ова е прва посериозна реконструкција. Опфаќа површина од 85.000 м2.
Општина Кавадарци инвестира 6,5 милиони денари пари од буџетот, а беа вклучени и донации од две компании во вредност од 500 илјади денари.
Aнгел Данов