Еден починат и 49 нови ковид случаи во Тиквешијата
09.12.2020
Едно лице од Кавадарци на 61 годишна возраст ја загуби битката со корона вирусот во изминативе 24 часа, а во статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци се евидентираат 49 нови случаи.
Во Кавадарци има 32 нови позитивни, еден во Росоман, 12 во Неготино и 4 во Демир Капија.
„Новите позитивни се на возраст од 16 до 81 година. Меѓу нив има позитивна негувателка од детска градинка во Неготино, поради што во изолација се 8 деца и една негувателка. Исто така позитивен е и наставник од основно училиште во Кавадарци, кој држел настава од далечина. “ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во ковид одделот во изминатите 24 часа примен е еден нов пациент и во моментот на лекување се вкупно 51 пациент во стабилна општа состојба.
Во Кавадарци од вкупно 1510, активни се 577 случаи, а во Неготино од 747, активни 365 ковид позитивни./А.Д