Позитивен ученик од Сирково, во изолација 14 ученици и 10 наставници
Објавено на 21 декември, 2020 во 13:09
21.12.2020
Поради позитивен ученик на корона вирус од училиштето во село Сирково, во изолација се ставени 14 ученици и 10 наставници, потврдија денеска од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Вообичаено за викенд се вршат помалку тестирања, а поради тоа се евидентираат и помалку нови случаи на вирусот. Во тиквешкиот регион во изминатото деноноќие има 24 нови случаи на ковид 19.
„Во Кавадарци има 15 нови случаи, три во Росоман и шест во Неготино. Новите случаи се на возраст од 20 до 71 година“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
На ковид центарот во кавадаречката болница, заклучно со вчера се хоспитализирани 50 пациенти во стабилна општа состојба.
А.Д