Женско е првото новороденче во Кавадарци во новата година
01.01.2021
Дваесет и седум годишната Стефанија Миневска од Кавадарци неколку минути по полноќ , на свет донесе здраво женско бебе, прва рожба на семејството и прво родено бебе во новата година во Кавадарци.
„Синоќа неколку минути после полноќ во нашата установа се роди здраво женско бебенце со теина од 3450 грама и должина од 50см. Раѓањето беше извршено со царски рез од дежурната екипа на гинеколошко акушерскиот оддел“ изјави директорот на болницата.
Тој нагласи дека минматата година на оваа одделение се извршени 342 раѓања, над 150 хируршки интервенции и остварени над 2500 прегледи.
„Со ова докажавме дека и во услови на корона вирус нашето одделение може да работи непречено“ истакна д-р Коцев.
Традиционално, првото новороденче во новата година добива подароци од општина Кавадарци. Денеска кавадаречката болница ја посети градоначалникот Митко Јанчев, но поради ковид мерките подароците не ги предаде лично на родилката.
„Велат дека девојчињата носат по бериќетна година., така да очекуваме во сите погледи, во Кавадарци и во целата држава да имаме успеси. Нема да се качиме на одделението, во име на општината и градоначалникот им ја честитаме рожбата на родителите, а ваучерот од 15 илјади денари, златната бележичка и останатите подароци ќе ги предаде директорот на болницата“ истакна Јанчев./А.Д