Акциски контроли на полицијата, физички напади во Кавадарци и Велес, разбојништво во Велес, 45 лица затекнати без маска
04.01.2020
Во периодот од 12.00 до 20.00 часот на 03.01.2021 на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 41 прекршок од кои 15 во Велес, 16 во Кавадарци и 10 во Неготино.
На 02.01.2021 и 03.01.2021 во полициските станици во Велес и Кавадарци биле пријавено два физички напади. Имено на 02.01.2021 во СВР – Велес околу 19.00 часот е пријавено дека на плоштад „Којник“ во Велес, Х.Н.(19) била физички нападната од В.К. Вчера околу 15.10 часот, во ОВР – Кавадарци, пак е пријавено дека при извршување работни задачи на регионалниот пат Кавадарци – мотел „Дреново“, во близина на с.Возарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци биле физички нападнати од Д.Ј.(32). По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.
Разбојништво е пријавено на 03.01.2021 околу 23.15 часот во СВР – Велес кога едно лице со закана кон вработената, одзело пари од дневниот промет во обложувалница на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во периодот 03./04.01.2021 за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 45 лица и тоа, 33 во Велес, сeдум во Кавадарци и пет во Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Мите Јаначков