Во Тиквешијата две лица починале од корона вирус, четири нови случаи
Објавено на 12 јануари, 2021 во 11:07
12.01.2021
Кавадарчанец на возраст од 62 години и неготинец на 78 годишна возраст починале на скопските клиники поради компликации од корона вирус.
Статистиката на центарот за јавно здравје Кавадарци покажува четири нови случаи на ковид 19.
„Во Кавадарци има три нови случаи и еден во Неготино. Новите позитивни се на возраст од 29 до 51 година“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Вчера во Кавадарци се евидентирани 25 оздравени пациенти од корона вирус и 11 во Неготино.
Од почетокот на пандемијата во Кавадарци има вкупно 2289 позитивни, а во моментов активни 478 случаи. Во Неготино од 1084 активни се 244 случаи.
„Во текот на вчерашниот ден во ковид центарот на нашата болница се сместени вкупно 20 пациенти во стабилна општа состојба. Има слободни 40 болнички кревети“ информира директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев. /A.Д