Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

centarKavadarci25.02.2021

Од први март во центарот на Кавадарци започнуваат градежни активности за реконструкција и проширување на дел од бид зоната. Ќе се отстранува стариот и оштетен асфалт од коловозот, старите тротоари ќе се поплочат со гранти, а ќе се отстранат и 19 стебла од дрворедот кои се оштетени и ќе се заменат со нови.

 „ Со самото почнување на реконструкција на асфалтот во истиот проект имаме -предвидено и проширување на бид зоната од старата автобуска станица кон новата автобуска. Тротоарите од двете страни исто така ќе се реконструираат, а воздушните водови за струја и телекомуникации ќе се стават под земја. Ќе се инсталира и систем за наводнување. “ рече градоначалникот Митко  Јанчев на денешната прес конференција.

Од секторот зеленило и животна средина при општина Кавадарци информираа дека се дебатирало околу отстранување на старите дрва од дрворедот. Сеуште се прават консултации за тоа какви садници ќе бидат засадени.

„Во реконструкцијата на бид зоната треба да се извадат физички дрвата кои имаат достигнато зрелост. За таа активност сме во координација со работната единица зеленило од Комуналец, еколошкото друштво и професори од шумарскиот факултет. Ќе се вади само дрвниот вид софора или багрем и  ќе се садат нови дрва од фамилијата магнолија“ вели Димитар Радњански.

Во општина Кавадарци неколку кратно се зголемени зелените површини споредено со минатите години. Веќе неколку години функционира комисија за планирање на зелениот фонд. Претседателот на еколошкото друштво „Еко Живот“, Роберто Паризов вели дека како екологисти не се среќни што ќе се отстрануваат дрва од дрворедот, но оправдано е, нагласува, бидејќи истите ќе се заменат со нови и по соодветни. 

ostetuvanjeДрвата кои ќе се отстранат од дрворедот се вкупно 19 и се со старост од 45 години. Истите на повеќе места имаат направено оштетување на тротоарите и коловозот.

„Видот е застарен. Се работи за стебло од 45 години . се работи за вид со помината физичка зрелост. ВО тоа време постоеле тие дрвни видови. Сега имаме покултивирани и декоративни садници. Ние како „паркови и зеленило“ мислиме дека треба да се засадат по декоративни садници за да добие градот по добар лик“ изјави Ратка Мукаетова, раководител на паркови и зеленило при ЈП Комуналец Кавадарци./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново