Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

157884038 3803695159720721 4439117991469699282 oВо последните два дена се бележи благо намалување на бројот на нови дијагностицирани позитивни случаи  на ковид 19 информираше денеска директорот на кавадаречката болница д-р Диме Коцев. Вчера во Кавадарци беа евидентирани 40 нови позитивни. 

„Во текот на вчерашниот ден иумаме хопситализирано 65 пациенит. Имаме слободнио 30 болнички кревети. Тие 65 пациенти се во стабилна состојба. На постојана кислородна поддршка 49 пациенти, останатите се на повремена, а имаме пет пациенти без кислородна поддршка. Бројките покажуваат дека имаме една крива на благ пад, бидејќи тиквешкиот регион беше прв зафатен од овој трет бран.И се надеваме дека бројот ќе се намалува.  Не дозволивме ни еден пациент да не биде згрижен“ изјави д-р Диме Коцев.

Во кавадаречката болница дневно се прават и по 130 тестови за присуство на корона вирусот. Во претходните денови процентот на позитивност беше и до 40%, а во последните два дена процентот на нови случаи е намален и се движи околу 30%.

Директорот на болницата апелираше до граѓаните да останат одговорни и во наредниот период и да ги почитуваат мерките за заштита, како би продолжило намалувањето на нови случаи.

А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново