lozari pres

„Крајно лицемерно е што Мицковски, лидер на партијата која дозволи винаријата Стефани дозволи да ги користи за политички поени сега глуми загриженост за лозарите. Ние најдобро знаеме кој не доведе до оваа ситуација. Ако тогашната власт вистински се грижеше за лозарите немаше да дојде до оваа ситуација. Пратеничката Весна Пемова, која гордо стои зад Мицковски со години збор нема кажано за лозарите. Нема да дозволиме вакви политички манипулации за лозарите“ вака реагираше претседателот на лозарското здружение, „Напредни лозари“ Трајче Кулев, на денешната прес конференција по вчерашната средба на дел од лозарите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

kvpolicija fin

Шеесет и шестгодишен Кавадарчанец се здобил со тешки повреди вчера по удар од патничко возило „лада” на пазарот во Кавадарци. Според СВР Велес возилото со кавадаречки таблички го управувал 46-годишен жител од населбата Глишиќ.

minov12Државата има основ да го плати долгот што го имаат визбите кон лозарите, тврди пратеникот од Кавадарци , Панчо Минов. Тој денеска на прес конференција информира дека направил проверки и сега зависи од волјата на владата дали ќе се покрие овој долг со буџетски средства.

50874093 405450086871021 1975155253548417024 n

 

Лозарите од Тиквешијата денеска на градскиот плоштад во Кавадарци одржаа мирен протест . Ги повторија своите барања да им се исплати грозјето предадено во 2015 и 2016 година во „Стефани винарија“ и „Повардарие“. Ако овие барања не бидат исполнети до 10 февруари ќе се организираат блокади низ Тиквешијата.

lozariprotest

Незадоволни од вчерашниот состанок во МЗШВ лозарите на кои им должат винарските визби за родот предаден во минатите години најавија мирен протест.

lozari

Да не се дозволи ликвидација или продажба на „Стефанс вајнари“ побараа лозарите на синоќешниот состанок со градоначалникот Митко Јанчев и пратеникот Панчо Минов. Тие стравуваат дека доколку тоа се случи нема да можат да ги наплатат парите кои ги побаруваат за грозјето предадено во 2015 година. Оваа винарија им должи 680 илјади евра. 

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново