Со подобрувањето на временските услови започна да опаѓа бројот на нови заболени од грип во Кавадарци. Последните податоци од Центарот за јавно здравје Кавадарци покажуваат дека минатата недела се евидентирани 189 нови заболени.

Кавадаречкиот совет денеска во рамки на деветата седница ги усвои кварталниот извештај за извршувањето на општинскиот буџет, годишната завршна сметка на општината, училиштата, градинката, библиотеката „Феткин“, музеј галерија и домот на културата.

Вработените во „Ролис ГМ“ и „Пуцко Петрол“ со подршка на деловни партнери од Албанија денеска повторно го блокираа патот Кавадарци- Прилеп кај Фени индустри. Блокадите беа поставени во 13 часот и како што беше најавено патот ќе биде блокиран до 16 часот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во работна посета на Кавадарци. Се сретна со градоначалникот Митко Јанчев и со првите луѓе во кавадаречката полициска станица и граничен центар „Југ“’.

Со тешка механизација вработените во „Пуцко петрол“, „Нова логистик“ и „Ролис ГМ“ денеска излегоа на протест. Во периодот од 12 до 15 часот тие  го бликираа патот Кавадарци – Прилеп кај комбинатот Фени индустри и самиот влез кон фабриката.

Минстрој Холдинг АД, даде официјална понуда за 100% исплата на побарувањата на Комерцијална и Стопанска Банка на ден, која што вклучува исплата на главница, гаранции, камати, пенали и останати трошоци како и покривање на трошоците на стечајната постапка – информираа денеска преку соопштение до јавноста од  Македонско – Бугарската стопанска комора.

Поврзани вести

 

Најново