Доаѓа уште еден нов гроздобер. Повторно ќе се бери винското грозје од новата реколта, а пред лозарите е исправена уште една голема неизвесност. Ќе има ли кој да го купи целото грозје и ќе имаат ли кондиција визбите  да платат во скратениот рок за откупениот род. Овие прашања ќе добијат одговор кога ќе почне бербата, но им задава мака на производителите на грозје уште пред самиот старт.

Дали да се осигураат земјоделските посеви и култури од град и други елементарни непогоди од времето  кои можат да го оштетат производството на храна или да делува противградобијната заштита. Ова е дилема што неколку години преовладува како кај земјоделците така и кај стручната јавност.

Долгот на визбите кон лозарите ја прелеа чашата. Се наближува нова берба, а сеуште има лозари кои неможат да си го наплатат старото грозје од винариите. Производителите на грозје кои родот го предале во неготинската визба „Повардарие“ денеска најавија дека во понеделник ќе ги блокираат регионалните патни правци со цел надлежните институции во државата да слушнат за проблемот со кој се соочуваат и немаат заштита од никого.

Продолжуваат препукувањата меѓу власта и опозицијата за зонското паркирање во Кавадарци. Денеска од СДСМ Кавадарци поставија неколку прашања до градоначалникот Александар Панов по неговата вчерашна реакција на прес конференција, одговарајќи на претходни обвинувања од опозицијата.

За градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, обвинувањата од опозицијата дека проектот за зонско паркирање е штетен за граѓаните,  се обично замајување на јавноста од советникот Горан Белевски и СДСМ. Тој тврди дека постапката се спроведувала согласно законските прописи и за зонското паркирање била изготвена документација и анализи.

Социјалдемократите од Кавадарци реагираат на одлуката на кавадаречкиот совет донесена на последната седница, која ги опфаќа цените за зонско паркирање во градот. Според СДСМ кавадарчани ќе плаќаат најскап паркинг во Македонија, бидејќи градоначалникот избрал погрешен модел, јавно приватно партнерство, наместо јавно претпријатие.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново