И минатата недела се евидентирани само 17 нови случаи на грип во Центарот за јавно здравје, исто како и претходната недела. Лекарите објаснуваат дека интензитетот е значително ослабнат.

Значително намалување на бројот на нови заболени од грип и понатаму бележи Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Последната недела овде се евидентирани само 17 нови заболни од грип.

Само претседателот на еколошкото друштво „Еко живот“ од Кавадарци и претставници на општинската администрација се појавија денеска на јавната расправа на која требаше да се дискутира околу изнаоѓањето соодветни решенија за намалување на загадувањето на воздухот.

Со благослов за родна година и квалитетно грозје денеска се изврши симболично закројување на виновата лоза. Лозарите уште во утринските часови ги посетија своите насади за да го извршат овој обред кој со векови се негува во Тиквешијата на празникот Свети Трифун.

Како секоја, така и оваа година лозарите ја започнуваат новата производна реколта со симболично закројување на виновата лоза на празникот Свети Трифун, но  и со неисплатени пари за грозјето од претходната реколта. Утре во Тиквешијата ќе се празнува заштитникот Свети Трифун.

Висока е концентрацијата на ПМ 10 честичките во Кавадарци и понатаму. Во континуитет од 18 дена кавадарчани дишат загаден воздух, покажуваат резултатите од мерната станица за квалитетот на воздухот поставена од Министерството за животна средина и просторно планирање. И понатаму Кавадарци е на врвот по загаден воздух во Република Македонија.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново