Oпштина Кавадарци и годинава ќе соработува со невладиниот сектор и со низа активности ќе ја помага работата на здруженијата и фондациите. Советот ја усвои програмата за подршка на НВО секторот која има за цел  унапредување на соработката преку воспоставување на механизми за соработка, поголема транспарентност и отчетност.

Променливото време и понатаму е во прилог на ширење на грипот. Последните податоци од Центарот за јавно здравје во Кавадарци покажуваат дека изминатава недела регистрирани се нови 19 заболени од грип.

По шест обиди, денешното,  седмо скокање по светиот крст беше среќно за шеснаесет годишниот Стефан Ѓорѓиев од Кавадарци. Тој усепа да го извади светиот крст од судената вода на реката Луда Мара каде се одржа централната манифестација по повод големиот празник Богојавление Водици. За разлика од минатите години, годинава најверојатно проади ладното време, беше помал бројот на момчињата кои скокнаа по светиот крст.

Снежна покривка од 40 - тина сантиметри викендов се формира во подкожувските села. На висорамнината Витачево има снег од 20 тина сантимери. Во текот на денешниот ден имаше нови врнежи од снег во Михајлово, Рожден, Мрежичко и Бојанчиште и има нова покривка од снег.

На последната седница советот усвои нова,  изменета одлука која ги регулира правата и обврските на приватниот партнер кој ќе биде заинтересиран за јавно приватно партнерство со општината за нудење услуги за паркирање.

Со џаламарско оро џаламарите  од повеќе кавадаречки села денеска ги бркаа лошите духови.  Василичарските огнови од синоќа беа распламтени во Бегниште, Ресава, Дреново и село Сопот.  Таму  традиционално на празникот Василица се дава најголемо внимание.

Поврзани вести

 

Најново