Од новиот центар на градот кон општинската зграда и денеска се движеа  граѓаните кои беа дел од протестниот марш, организиран од граѓанското движење „Протестирам“. Кавадарчани повторно побараа оставка од претседателот Иванов, одложување на изборите закажани за 5 јуни.

Мирно и достоинствено вечерва кавадарчани излегоа на протест против одлуката на претседателот Иванов за помилување. Дадоа  поддршка на Специјалното јавно обвинителство и побараа да одговараат сите кои направиле криминал.

Паркот на револуцијата во Кавадарци беше местото каде подржувачите на ГДОМ и членовите на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржаа протест преку кој упатија порака дека се за одржување на изборите на 5 јуни.

Актуелната политичка состојба во земјава денеска беше причина за тензичен почеток на 43 тата седница на советот на општина Кавадарци. Советниците од СДСМ ја напуштија седницата, а претходно коориднаторот на советничката група Зоран Бањански од говорницата рече дека„правдата во земјава е убиена“ и поради тоа денеска граѓаните ќе излезат на протест и во Кавадарци. Додека говореше Бањански зад него беа и останатите советници на СДСМ, сите облечени во бели мајци на кои пишуваше „Нема правда-нема мир“.

И граѓаните на Кавадарци  под мотото „Нема правда- нема мир“ се приклучуваат на протестите кои се случуваат во повеќе градови во земјава. Протестот е закажан за утре со почеток од 18.30  часот од пред катастарот.

Големата температурна разлика помеѓу дневните и ноќните температури им создава  здравствени потешкотии на кавадарчани, информираат од итната медицинска помош.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново