Невладините организации ќе добијат свои простории во регионалниот центар за подршка на граѓанскиот сектор кој денеска беше отворен во Кавадарци. Проектот што општина Кавадарци го реализира преку Вардарски плански регион стигнува до финиш. Градежните работи на објектот завршија, а денеска со УНДП се потпиша и договор за набавка на мебел и опрема за центарот.

Лицата со посебни потреби од Кавадарци од денеска имаат полесен пристап во општинската зграда. Станува збор за проект кој го реализира Вардарски плански регион со подршка на УНДП, а се стави во функција во рамки на третиот ден на партнерства на Вардарскиот плански регион.

Таблата  на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во селото Сопот на вториот кат од селската амбуланта ги раскара ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Опозицијата обвини дека не е дозволено партиски штаб да биде лоциран во јавна институција. Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека вториот кат од амбулантата бил издаден под наем и истата ја поставило приватно лице.

Дваесет и девет просветни работници од Кавадарци денеска по долго чекање стигнаа до решенија за работа во основните и средните училишта. Радосни и возбудени беа на свеченото доделување. Искажаа благодарност што конечно имаат постојана работа и ќе можат уште повеќе да и се посветат на професијата.

Админинистрацијата од судовите во  Кавадарци и Неготино денеска беше на штрајк пред судот. Судења не се одржуваа, а се работеше само на итни предмети. На административците подршка во остварувањата на своите барања им даде и адвокатската комора. На штрајк пред судот во Кавадарци беа и адвокатите од градот, а е  отворена и книга за подршка во судот.

Значително е намален бројот на невработени во Кавадарци, а во моментов активно работа бараат само 2500 невработени лица, информираше денеска раководителот на кавадаречкиот центар за вработување, Благој Борисов.  Денеска центарот беше отворен за невработените на кои им се презентираа активните мерки и политики за вработување и самовработување.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново