Винарската визба „Тиквеш“ го финализираше инвестирањето во најсовремена технологија за преработка, одлежување и полнење на виното. За таа цел вложи вкупно 1,2 милиони евра, од кои 480 илјади евра ги обезбеди преку ИПАРД програмата на Европската Унија. Оваа инвестиција е од исклучително значење за винаријата затоа што со нејзина модернизација овозможува производство на вино со премиум квалитет.

Поддржувачите на Граѓанското Движење за Одбрана на Македонија – ГДОМ, и вечерва се собраа во паркот на Револуцијата во Кавадарци. Порачаа дека избори на 5 Јуни мора да се оддржат за доброто на државата.

По петти пат, кавадарчани кои ја поддржуваат „Шарената револуција“, вечерва излегоа на протест. Кажаа „не“ за избори на 5 Јуни, побараа повлекување на аболицијата, оставка од претседателот Иванов, прочистување на избирачкиот список, непречена работа на СЈО и затвор за сите кои што се огрешиле кон законот. Балони со боја се фрлаа на општинската зграда. Се поставија импровизирани споменици на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов, на кои исто така се фрлаше со боја и јајца.

Денеска во 12.55 часот во полициска станица Кавадарци пријавено е дека на улица „Илинденска пред угостителски објект, непознато лице од засега непознато возило испукало неколку пати со оружје, највројатно сигнален пиштол во воздух, по што се оддалечило со возилото.

Многу новини за годинашново издание на стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“ најавува организаторот. Веќе 2,3 и 4 септември е утврдениот датум за оваа манифестација која е белег на Кавадарци.

Седумдесет и девет  земјоделци од општина Кавадарци пријавиле штета на лозовите и овошните насади од пролетните мразеви. Поднесените барања за претрпената штета ќе ги разгледува општинската комисија која започна со работа од денеска.

Поврзани вести

 

Најново