Голем е бројот на кавадарчани кои побарле да ја легализираат својата дивоградба согласно законските олеснувања. Во општинската службабиле  понесени вкупно 7.249 барања за легализација на бесправно изградени објекти.

По обезбедувањето на доволни количини на вода за пиење за кавадарчани, ЈП Комуналец е фокусирано на завршување на реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа.

Нови 41 случаи на грип се регистрирани во Центарот за јавно здравје изминатава недела во Кавадарци. Ова е најголем број на заболени регистрирани за една недела од почетокот на сезоната.

Грејната сезона сеуште е во полн ек, а со тоа и потребата од одржување на оџаците. Викендов се запалиле пет оџаци токму поради ненавремено одржување, информираа денеска од територијалната противпожарна единица Кавадарци. Избегната е поголема штета бидејќи во сите случаи пожарникарите интервенирале на време.

Општинската организација на СДСМ Кавадарци денеска на прес конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ вршел притисок врз жените вработени во општинската администрација и другите државни институции да присуствувале  на годишното собрание што утре Унијата на жени ќе го одржувала во Скопје.

Oпштина Кавадарци и годинава ќе соработува со невладиниот сектор и со низа активности ќе ја помага работата на здруженијата и фондациите. Советот ја усвои програмата за подршка на НВО секторот која има за цел  унапредување на соработката преку воспоставување на механизми за соработка, поголема транспарентност и отчетност.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново