06.01.2021
Повторно повисоки бројки на нови позитивни во тиквешкиот регион, покажува статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци за изминатото деноноќие, заклучно до синоќа. Дијагностицирани се 40 нови случаи на возраст од 12 до 82 години.
04.01.2020
Во периодот од 12.00 до 20.00 часот на 03.01.2021 на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 41 прекршок од кои 15 во Велес, 16 во Кавадарци и 10 во Неготино.
01.01.2021
Дваесет и седум годишната Стефанија Миневска од Кавадарци неколку минути по полноќ , на свет донесе здраво женско бебе, прва рожба на семејството и прво родено бебе во новата година во Кавадарци.
30.12.2020
Кавадаречката компанија „Кожувчанка“ уште еднаш ја покажа хуманоста на дело. Утринава тргнаа четири шлепери со вода „изворска“ кои се донираат за настраданите од земјотресот оваа држава. Донацијата од „Кожувчанка“ е дел од конвојот со хуманитарна помош кој утринава тргна за Хрватска.
29.12.2020
Одделението за управни работи во Кавадарци доби нови простории. Личи документи на кавадарчани ќе им се издаваат во простории на граничната полиција, наместо како досега во просториите на полициската станица.
28.12.2020
Во Кавадарци започна новогодишната бајка. Куќата на веселиот дедо, кој ги усреќува најмладите по 22 пат е веќе во новогодишна облека. Се е во знакот на претстојните празници. Ковид пандемијата годинава нема да им ја одземе радоста на децата. Семејството Вареловски ја продолжува традицијата. Својот дом го украси, а вратите ги отвори за дечињата. Секој ден од 17 до 20 часот, најмладите со своите родители можат да ја почувствуваат новогодишната магија која царува во дворот на Дедо Мраз. Но и овде, мора да се почитуваат препораките за задолжително несење заштитна маска и одржување на растојание.