Матичните стоматолози добиваат повисока цена за капитационен бод, рече денеска директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски кој беше во посета на неколку стоматолошки ординации во Кавадарци. Покачувањето кое започнало од јануари годинава го чинело фоднот дополнителни 76 милиони денари.

„Ќе лежите в затвор  за сите сторени криминали, за сите  уништени човечки судбини, за секоја исплакана солза. Половична аболиција не прифаќаме . Ќе си одговарате за сите украдени милјарди, и не само што ќе одговарате туку ќе ги вратите парите назад. Ќе одговарате за секое убиство, за секоја навреда, за секоја клевета“ и порачаа на актуелната власт вечерва кавадарчани кои ја подржуваат „шарената револуција.

Кавадаречката компанија „Кожувчанка“ секогаш ги следи светските трендови и ги имплементира истите во своето работење. Токму новините кои се дел од инвестициите за годинава денеска беа претставени на прес конференција во Стопанската комора на Македонија.

Целосно изгоре фабриката за производство на брикети, сопственост на „Кабран амбалажа“ лоцирана во поранешниот ДИК „Страшо Пинџур“. За среќа, повредени од страотниот пожар нема.

Кучињата скитници и понатаму во голем број шетаат по кавадаречките улици. Граѓаните стравуваат за својата безбедност и безбедноста на децата. Тие во повеќе наврати реагирале до општината, но проблемот тешко се решава. Постојано има нови кучиња за кои не се грижи никој.

И покрај дождот кавадарчани излегоа на протест на „Шарената револуција. Демонстрантите протестниот марш го започнаа од новиот центар на градот, се движеа по улица „Илинденска“ и стигнаа до градскиот плоштад. Демонстрантите и на овој протест фрлаа со јајца и боја. Фасадата на општинската зграда и скалите од плоштадот беа целосно покриени со боја.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново