Многу музика и забава за сите генерации нуди годинашнава стопанско туристичка манифестација Тиквешки Гроздобер. Легендарните „Рибља чорба“ и  „Парни Ваљак“ се само дел од музичката понуда. Ќе се пие вино, а ќе се јаде и грозје. Кавадарци од утре ги отвора вратите за сите добронамерници кои сакаат да поминат незаборавен викенд во градот на грозјето и виното.

„Кожувчанка“ утринава повторно со донација за настраданите од поплавите со нови 25 илјади литри од водата за пиење „Изворска“. Во изминатите 48 часа ова е втора донација на компанијата која и вчера испрати еден камион со иста количина на вода за пиење. Од таму велат дека нивниот хуман гест има за цел барем малку да им помогне и им го олесни секојдневието на луѓето погодени од природната непогода.

Викендов во Кавадарци, Заводот за здравствена заштита Велес ќе изврши запрашување против комарци.

Дваесетина дена коритото на реката Луда Мара е речиси без вода. Го нема ниту биолошкиот миниум кој согласно закон е потребен да протекува. Екологистите го кренаа својот глас. Реагираат и жителите на Ваташа, но и кавадарчани. Бараат итна интервенција на инспекциските служби и останатите надлежни структури да се реши овој проблем пред целосно да се уништи флората и фауната во реката.

Името на плоштадот во Кавадарци ќе се менува. Градоначалникот објави повик граѓаните да ги кажуваат  своите предлози за новото име. Повикот е отворен до 26 август, а предлозите со имиња се доставуват до општината.

Уште три лица со хендикеп од Кавадарци ќе можат полесно да ги извршат своите обврски, да прошетаат и да се дел од случувањата во градот.  Општината  додели три електрични колички за лица со инвалидност. За оваа намена од буџетот се потрошени 220.000 денари. Потребата за полесен живот на лицата со инвалидност од овие колички е огромна.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново