09.12.2020
Едно лице од Кавадарци на 61 годишна возраст ја загуби битката со корона вирусот во изминативе 24 часа, а во статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци се евидентираат 49 нови случаи.
09.12.2020
Во периодот од 08 - 09.12.2020 година за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 61 лице, и тоа, 28 во Велес, 21 во Кавадарци и 12 во Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
8.12.2020
Нови дрвни и цветни видови, нова патека, систем за наводнување и осветлување и целосен видео надзор. Сето ова е дел од реконструкцијата на градскиот парк во Кавадарци која се реализираше во изминатите пет месеци.
08.12.2020
Две лица ја загубиле битката со корона вирусот во изминативе 24 часа во Тиквешијата, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Едно лице е од Демир Капија на возраст од 68 години и едно лице од Неготино на 65 годишна возраст.
05.12.2020
Најголем број на позитивни на корона вирус за 24 часа се евидентираат во статистиката на ЦЈЗ Кавадарци за изминатото деноноќие. Во Тиквешијата има 73 нови позитивни, од нив 49 се во Кавадарци, 20 во Неготино по двајца во Росоман и Демир Капија.
04.12.2020
Со автомобили и вклучени сирени и вечерва се протестираше во Кавадарци. Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ побраа оставка од премиерот Заев. Пред кавадарчани се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој порача дека политичката кариера на Заев била пред самиот крај.