И временските услови не се во прилог на лозарите и годинашниот гроздобер. Новите врнежи од дожд се дополнителен проблем и главоболка за лозарите кои сеуште го немаат собрано родот од лозјата.

Една недела порано од вообичаениот термин, од денеска започна есенскиот панаѓур во Кавадарци. Над 300 трговци закупиле тезги. Организаторот очекува голема посетеност за време на панаѓурскиот викенд.

Од ОО на СДСМ Кавадарци на прес конференција обвинија дека директорот на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци бил вмешан во криминал. Против него имало правосилна судска пресуда за насилство врз ученик - рече Митко Керов, член на извршен одбор на СДСМ.

Обвинувања од опозицијата за богатење на функционери на власта, деманти и контра обвинувања. Политичката сцена во Кавадарци се вжештува во пресрет на договорените избори во декември.

Претседателката на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Горица Пеливанова - Вилхелм попладнево одговори на обвинувањата изнесени на прес конференција од ОО на СДСМ Кавадарци. Рече дека имотот што го поседувала бил стекнат со нејзината плата и со платата на нејзиниот сопруг кој бил од Франција.

Социјалдемократите од Кавадарци денеска обвинија дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ  од овој  град си купувале станови во Скопје, додека граѓаните осиромашувале.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново