Во кругот на здравствен дом Кавадарци во тек се градежни активности за реконструкција на старата лабораторија и адаптација на детска градинка. Новата градинка ќе згрижува над стотина дечиња, а инвестицијата чини 7,5 милиони денари, информираше дополнителниот замениk министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој заедно со градоначалникот Александар Панов беа на увид на градежните активности.

Колони со полни трактори  грозје чекаат пред откупните пунктови. Лозарите во надеж дека ќе им биде купено грозјето. Дел од нив го продаваат, а на друг дел им се враќа со изговор дека нема доволно шеќерни единици. Гневот на лозарите е голем. Се жалат дека оваа година е најлоша за нив во поглед на пласманот иако имаат квалитетен род.

Кавадарчанки нема повеќе да патуваат во други градови за да извршат преглед на мамограф. Во општа болница Кавадарци веќе е во функција мамографот и се вршат прегледи, информираше денеска директорот на болницата, д-р Орцо Ангеловски.

Одлуката на владата, државата да ги субвенционира винарските визби со по 3 денари по килограм откупен вранец, со цел да се соберел годинашниот род од оваа винска сорта за лозарите не е вистинско решавање на проблемот со откупот на винско грозје. Производителите на грозје велат дека родот им пропаднал на лозјата,  додека визбите тактизирале  со откупот. Според нив,  намерно не се  откупувал вранецот, за на крај визбите да добијат и евтино грозје, но и државна помош.

Стомачниот вирус во континуитет е присутен меѓу кавадарчани, информираат од итната медицинска помош. Наместо во одредени периоди од годината, пациенти кои се нападнати од стомачниот вирус, со проливи и повраќање постојано барале лекарска помош.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново