„ Не знам кој е мотивот на овие партиски пресови на СДСМ, па цело време трн во око им е баш болницата во Кавадарци. Тие упорно кажуваат паушални и невистинити констатации   за само нив познати цели. Болницата во Кавадарци досега има покажано напредок во сите сегменти, па така до сега има остварени набавки на опрема и простор“  стои меѓу другото  во писмената реакција на директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, д-р Орце Ангеловски по вчерашната прес конференција на ОО на СДСМ .

Социјалдемократите од Кавадарци денеска на прес конференција во кругот на општа болница обвинија за хаос и катастрофална состојба во истата. Претседателот на О.О Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев рече дека константната негрижата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните придонела  за катастрофалната состојба и во оваа болница.

Почна значително да се зголемува бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман. Матичните лекари за минатата недела евидентирале  343 нови случаи на грип.

Молитви за богата и бериќетна година, денеска на Свети Трифун, заштитникот на лозарите упатија  производителите на грозје во Тиквешијата. Тие денеска извршија симболично закројување, со што го означија и стартот на новата производна реколта.

Две лица се повредени во сообраќајна несреча што се случила попладнево околу 14.30 часот на регионалниот пат Кавадарци – Прилеп, кај местото викано „Фаришка Спирка“.

Во последната деценија вкупните инвестиции за најсовремена опрема за преработка и одлежување на виното како и за модернизација и унапредување на производството на врвни вина во винарската визба „Тиквеш“ надминуваат 30 милиони евра. Во нив се пресметани и планираните 670 илјади евра годинешни инвестиции. Обемот, темпото и структурата на  вложувања, во изминатите три години, му овозможија на Тиквеш да го достигне и одржи посакуваното ниво на квалитет на вината од севкупното портфолио, рече генералниот директор на винарската визба, Игор Илиевски.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.