IMG 20190202 124003

Со аплауз ја поздравија лозарите веста дека државата ќе им го исплати долгот што визбите го имаат кон нив . Денеска тие беа информирани и дека до Свети Трифун ќе ги добијат субвенциите по хектар површина, а до крај на феврури и денарот за килограм предадено грозје во домашни винарии.

lozari pres

„Крајно лицемерно е што Мицковски, лидер на партијата која дозволи винаријата Стефани дозволи да ги користи за политички поени сега глуми загриженост за лозарите. Ние најдобро знаеме кој не доведе до оваа ситуација. Ако тогашната власт вистински се грижеше за лозарите немаше да дојде до оваа ситуација. Пратеничката Весна Пемова, која гордо стои зад Мицковски со години збор нема кажано за лозарите. Нема да дозволиме вакви политички манипулации за лозарите“ вака реагираше претседателот на лозарското здружение, „Напредни лозари“ Трајче Кулев, на денешната прес конференција по вчерашната средба на дел од лозарите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

kvpolicija fin

Шеесет и шестгодишен Кавадарчанец се здобил со тешки повреди вчера по удар од патничко возило „лада” на пазарот во Кавадарци. Според СВР Велес возилото со кавадаречки таблички го управувал 46-годишен жител од населбата Глишиќ.

minov12Државата има основ да го плати долгот што го имаат визбите кон лозарите, тврди пратеникот од Кавадарци , Панчо Минов. Тој денеска на прес конференција информира дека направил проверки и сега зависи од волјата на владата дали ќе се покрие овој долг со буџетски средства.

50874093 405450086871021 1975155253548417024 n

 

Лозарите од Тиквешијата денеска на градскиот плоштад во Кавадарци одржаа мирен протест . Ги повторија своите барања да им се исплати грозјето предадено во 2015 и 2016 година во „Стефани винарија“ и „Повардарие“. Ако овие барања не бидат исполнети до 10 февруари ќе се организираат блокади низ Тиквешијата.

lozariprotest

Незадоволни од вчерашниот состанок во МЗШВ лозарите на кои им должат винарските визби за родот предаден во минатите години најавија мирен протест.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinetta 2019 300x250px 01

Screenshot 2

Најново